WATCH: The steal is good – the goal is better! Sara Ristovska for @whccska 👏#deloehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/t2WxT6Gfr5
— EHF Champions League (@ehfcl) January 31, 2021
Атрактивен гол на Ристовска – сама свој мајстор (ВИДЕО)
Сара Ристовска беше една од најдобрите ракометарки во составот на ЦСКА Москва во денешниот натпревар од Лигата на шампионите. ЦСКА Москва оствари победа од 30:26 против Подравка и го задржа второто место во А групата. Македонската репрезентативка против Подравка имаше 4 голови од исто толку обиди и постигна атрактивен гол од контра. Сама ја украде топката, истрча контра и со сув лист ја совлада противничката голманка. Голот на Ристовска сигурно ќе биде во изборот за најдобар на колото во Лигата на шампионите.