Ракометарката на Чаир, Ема Кирова, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 2. коло во Супер женската лига.
Голманката на чаирчанки имаше одлична партија во второто полувреме на дуелот со Вардар што нејзиниот тим го доби убедливо.
Кирова убедливо го освои првото место, откако доби околу 67% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 2. коло беа членките на Ѓорче Петров, односно Металург Автокоманда, Кристина Радајева и Ана Марија Коларовска.