Во Унгарија, Шпанија и Германија ќе се делат последните шест билети за ОИ

Денеска со натпреварот меѓу Германија и Алжир ќе започнат квалификациските натпревари за Олимписките игри, кои во периодот од 26 јули до 11 август ќе се одржат во Париз.

Ќе бидат одиграни шест дуели од трите групи, а свој настап ќе имаат двајцата членови на Еурофарм Пелистер, десниот бек Нејц Цехте и голманот Урбан Лесјак.

Цехте и Лесјак со репрезентацијата на Словенија се наоѓаат во првата група, а за ривали ги имаат Шпанија, Бахреин и Бразил. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат настап на најголемата спортска манифестација.

Пласман на Олимписките игри ќе брка и репрезентацијата на Хрватска, која на Европското првенство во јануари одигра под своите очекувања. Избраниците на Сигурдсон во Хановер ќе се борат против Германија, Австрија и незгодниот Алжир.

Домаќинот Франција обезбеди директно место на ОИ, а преку континенталните шампионати во Париз се пласираа Јапонија, Данска, Шведска, Аргентина и Египет.

Квалификации за ОИ, распоред, 1 коло:

Група 1 (Гранољерс)

18:30 Шпанија – Бахреин
21:00 Словенија – Бразил

Група 2 (Хановер)

17:45 Германија – Алжир
20:15 Хрватска – Австрија

Група 3 (Татабања)

18:30 Норвешка – Португалија
21:00 Унгарија – Тунис