Вардар ја освои Струга – и на „отворено“ и во сала (ФОТОГАЛЕРИЈА) .

 

Вардар – Алкалоид финале 2023

 

По пауза од една година трофејот од турнирот во Струга повторно е во витрините на Вардар кој по 14. пат победува на најстариот ракометен турнир во Македонија. Во финалето Вардар „двапати го победи Алкалоид“. Прво на отвореното игралиште кога „црвено-црните“ водеа со 7-5 во 18 минута по што поради дожд мечот беше прекинат и продолжи во сала. На полувреме беше 12-11 за Вардар. Таму после предвидените 60 минути вардарци славеа со 25-20. Вардар ги освоија и двете индивидуални награди за голман и играч