Тепачка на женски натпревар во Србија – летаа удари и боксови на сите страни (ВИДЕО)

Срамни сцени имаше на натпреварот од женската Супер Б лига во Србија помеѓу Раднички од Нови Белград и ОРК Белград, откако во второто полувреме дојде до општа тепачка во која не се гледаше кој кого удира. Една од ракометарките на домашниот тим во 42. минута направи груб прекршок и веднаш настана мешаница на теренот. Најпрво играта продолжи, но неколку секунди подоцна, почнаа да летаат боксови на сите страни, се вклучија целите екипи, како и дел од присутните љубители на ракометот. Погледнете...