Тимот на ПАОК каде што игра македонскиот интернационалец Евгениј Темелкоски, славеше значајна победа над тимот на АЕК Атина.
Во заостанатиот натпревар од 9 коло во грчкиот шампионат, ПАОК славеше на домашен терен со 29-27.
На полувремето тимот од Солун имаше позитива од три гола, во финишот АЕК стигна до 21-21, но немаше сили за комплетен камбек.
Темелкоски на овој натпревар даде еден погодок, а исто толку постигна и новото засилување од Еурофарм Пелистер – египетскиот пивот Мамду.
ПАОК сега има 14 бодови на третото место, додека на делба на првото место остануваат АЕК и Олимпијакос со по 16 бодови.

























