Еден од амбициозните тимови во Србија, Динамо Панчево, донесе две засилувања за пролетниот дел од сезоната во шампионатот на нашиот северен сосед.
Покрај пикерот Радован Малевиќ, за тимот предводен од младиот стратег Никола Јаневски, потпиша и левиот бек Андреј Петриќ.
Тој досега беше дел од Црвена Звезда, каде имаше одлични партии и го привлече вниманието на останатите клубови од Србија.
20-Годишниот Андреј потекнува од ракометно семејство, а неговиот татко и брат играа(т) во Македонија.
Неговиот татко Владимир беше дел од Вардар во минатото до 2013 година, додека неговиот брат Стефан по две сезони во „црвено-црното“ семејство летово се пресели во тимот на Охрид.

























