Откако пред две години го прослави „златниот јубилеј“, познатиот ракометен турнир во Струга ја продолжува традицијата на најстарата спортска манифестација во Македонија. Годинава од 14 до 17 август по 52. пат отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ во Струга повторно ќе биде местото каде ќе се темпира формата за новата сезона, но и ќе се борат екипите за престижниот трофеј.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по една година пауза се враќа на традиционалниот турнир во Струга.
Вардар е најтрофеен со 14 освоени титули на отвореното игралиште покрај „Женската плажа“, а втори на листата се пелистерци, кои досега се радувале 13 пати.
Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски ги сподели очекувањата од настапот во Струга.
„Работиме напорно на овие подготовки. Во екипата има добра хемија, а новите играчи се вклопија одлично и многу брзо. Ме радува тоа што сме сите заедно како семејство. Посакуваме со трофеј во Струга да ја започнеме сезоната. Тоа ќе ни значи многу за самодовербата на почетокот на сезоната. Се надевам дека ќе имаме голема поддршка во Струга и од нашите навивачи. Јас имам играно повеќе пати на турнирот, кој е многу значаен за традицијата не само на градот Струга, туку и на Македонија. Вистинско уживање е да се игра на овој турнир, на секоја натпревар има одлична атмосфера“, изјави Кузмановски.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
заминаа: Марио Танкоски (Вардар), Денис Василев (Балатонфуреди), Матеуш Пиеховски (Потаиса Турда), Руди Сери (Каен), Марко Кизиќ (Алкалоид), Калифа Гедбан (Ерланген), Урбан Лесјак (Тримо Требње)
дојдоа: Никола Митревски (Порто), Филип Ивиќ (Шамбери), Усама Хосни (Ал Араби), Богдан Мијушковиќ (Еурофарм Пелистер 2), Алем Хаџиќ (Еурофарм Пелистер 2), Василије Печурица (Еурофарм Пелистер 2), Илија Абутовиќ (Шарт), Кајо Цикатиќ (Горица)
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
14/8, 18:30, Струга – Еурофарм Пелистер
16/8, 20:40, Еурофарм Пелистер – ПАОК
17/8, за пласман