
Со гол во последната секунда средниот бек Тилен Стрмљан му донесе победа на Охрид на дербито во Битола, 27-26, со што охриѓани сериозно влегуваат во борба за второто место на табелата. Ова е вторпат сезонава Еурофарм Пелистер да загуби среде Битола во првенството, откако претходно тука триумфираше и Вардар.
Сега Охрид има 42 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер, и двата тима се на делба на второто место. Охриѓани имаат две победи во меѓусебните дуели, а им останува уште едне меч, кој треба да се игра во Охрид.
Двете екипи има свои „пет минути“ во кои водеа, ни ниту еден тим не направи поголема разлика за да може да се одвои. На полувреме домаќините водеа со 13-11, па изгледаше дека лесноќе се справат со охриѓани. Но, не беше така на терен. Рано останаа домашните без Осусама Хосни кој во првото полувреме доби директен црвен картон, па мораа без него да играат.
Во последните пет минути од мечот Никола Митревски го одбрани пеналот на Ален Ќосевски, и резултатот остана 23-23. Со играч помалку, Жарко Пешевски се избори за пенал, а Филип Кузмановски го релизираше за водство 24-23. На спротивната страна Дарко Ѓукиќ исто така од пенал погоди за ново израмнување 24-24.

На три минути до крај Пилиповиќ муодбрани удар на Кузмановски, а во полуконтра Лиапис му носи ново водство на гостинскиот тим, и на 2,5 минути до крај Стефче Алушовски побара тајмаут, при водство на Охрид од 25-24.
Гостите останаа без капитенот Гоце Ојлески кој доби директен црвен картон во 58 минута, по фаулот врз Видомски. Еурофарм Пелистер во клучните моменти ќе има играч повеќе кога се решава мечот. Жарко Пешевски брзо реализира за израмнување, а тренерот на Охрид го бара својот тајмаут за да го намести нападот.
Анте Иванковиќ на почетокот на 60. минута погоди за ново водство, а Видомски веднаш возврати. Потоа Стрмљан во последните секунди во агол испрати проектил со кој донесе триумф.
Во следното коло Еурофарм Пелистер има тешко гостување во Автокоманда, додека Охрид е домаќин на Тиквеш.



















