Шпанија го освои Медитеранското првенство за кадетки

Женската репрезентација на Шпанија го освои златото на Медитеранското првенство за кадетки што се играше во Црна Гора, по триумфот над домаќинот со 19-14.

Во конкуренција на 13 национални тимови, Шпанките најпрво во прелиминарната група ги победија Грција, Кипар, Србија и Словенија, но загубија од Романија.

И покрај тоа го освоија првото место во својата група и се пласираа во финалето каде се соочија со домаќинот Црна Гора.

Во првиот од трите периоди во финалниот натпревар (ова првенство се игра 3×15), беше реми, 6-6, потоа во вториот Шпанија беше подобра со 5-4, а последниот го доби со 8-4.

Романките беа бронзени во Црна Гора откако во мечот за третото место ја победија Словачка со 20-19.