Машката репрезентација на Македонија од денеска се враќа на тренинзите пред стартот на Европското првенство во Германија.
Ракометарите се вратија во саботата од Стара Пазова, каде тренираа девет дена и одиграа пријателски натпревар со Црна Гора, кој го добија со 54-51.
Имаа два дена одмор за Нова Година, а од денеска селекторот Лазаров одново ќе ги собере своите избраници.
Во рамките на втората фаза од подготовките ќе бидат одиграни две пријателски средби со Грција.
Првата е на програмата на 4 јануари од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и отворена за јавноста, додека втората е на 5 јануари од затворен тип.