ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци со сите сили ќе „удрат“ на Загреб, се враќа и „нинџа“!

Maкедонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го започнува настапот во новата сезона во Лигата на шампионите.

Тренерот Рубен Гарабаја за оваа пресметка против Загреб ќе смета на најсилниот состав, бидејќи се враќа и голманот Сеид Хеидарирад, кој се повреди на турнирот во Охрид.

Надвор од комбинација останаа голманот Давид Брестовац, средниот бек Мирче Калајџиески, како и одамна повредените Цветан Кузманоски и Самоил Ристевски.

Загреб дојде без повредените Станислав Садовски, Матеја Додиќ и Ивано Павловиќ, но тренерот Андрија Николиќ има на располагање квалитетен состав и без нив.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.