Ракометниот сојуз на Србија во изминатиот период беше во потрага по нов селектор на машката сениорска репрезентација.
Челниците на ракометната куќа на Србија одлучија за наследник на Тони Херона да го назначат тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ.
Актуелниот тренер на Војводина минатата сезона на клупско ниво направи голем успех, откако со клубот од Нови Сад ги освои сите титули на домашна сцена, како и златото во Европскиот Куп.
44-годишниот стратег во интервју за српски „Моцарт Спорт“ истакна дека најголемата цел ќе биде пласман на Олимписките игри во 2028, но до тој период ќе мора со своите избраници да имаат забележителни резултати.
,,Планот е подмладување на репрезентацијата, но постепено. Мојата цел е да направам играчи, бидејќи само така можеме да направиме нешто повеќе. Круната секако треба да биде пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Во моментов имаме само двајца играчи во Топ 12 фазата во Лигата на шампионите, Драган Пешмалбек од Веспрем и евентуално Милош Кос од Загреб. Нема силна репрезентација без силни натпреварувања. Како селектор морам да соработувам со тренерите на помладите категории”, изјави Ројевиќ.
Првиот предизвик за Ројевиќ ќе биде бараж двомечот против репрезентацијата на Шпанија за пласман на Светското првенство 2025.