Пионерките на Ѓорче Петров, актуелниот шампион на Македонија во оваа возрасна категорија се враќаат со признание од Србија.
Младите „лавици“ учествуваа на турнирот во Бор, каде го освоија третото место по една победа и еден пораз.
Најпрво загубија од Слога Петровац со 26-20, а потоа успеаја да го совладаат домаќинот Бор со 19-10.
На турнирот покрај овие екипи учествуваа уште Наиса, Зајечар и Наиса Ниш.

























