📷 Пехарот заблеска во „црвено-црно“, вардарци со Куп славје!

Куп пехари Вардар – Еурофарм Пелистер

Вардар се радуваше на 17. трофеј во Купот на Македонија откако го победи големиот ривал Еурофарм Пелистер со 31-27. По киксот минатата година, „црвено-црните“ се вратија на победничките патеки во ова натпреварување и сега водат убедливо на лидерското место со 17 трофеи пред Металург кој има шест. Пехарот на капитенот Гоце Георгиевски му го додели претседателот на РФМ, Александар Стефанов.