Амбициозниот тим на Охрид објави дека со стартот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ќе стартува и продажбата на сезонски билети.
На билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ од 20 август ќе започне продажбата на сезонските билети за сезоната 2024/25.
Охриѓани ставија популарни цени на овие билети, кои ќе чинат 2.500 денари, а со нив поддржувачите на Охрид ќе имаат одлична можност да ги следат сите натпревари на нивните миленици.
Станува збор за сите натпревари од регуларниот дел на сезоната, како и плеј-офот, односно и Куп натпреварите.
Покрај на домашна сцена, Охрид ќе биде активен и на меѓународна сцена во Европскиот Куп, каде ќе се соочи со романскиот тим Потаиса Труда.