Македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски одиграа одличен натпревар во дресот на Ваљадолид и имаа клучна улога во обезбедувањето на пласманот на Ф8 во Копа дел Реј.
Ваљадолид славеше убедлива победа во осминафиналето против Антекера со осум гола разлика, 35:27, а токму македонскиот тандем беше меѓу најзаслужните за обезбедената победа.
Димитриоски, покрај одличната игра во одбраната, одигра според посакуваното во нападот и натпреварот го заврши со пет реализации во противничката мрежа. Уште еднаш покажа дека е меѓу важните алки во составот на Давид Писонеро.
Карапалевски, исто така беше меѓу најдобрите на теренот постигна пет погодоци, но имаше и неколку асистенции до соиграчите.
Следниот предизвик за Ваљадолид ќе биде натпреварот од 24. коло во Асобал лигата против Пуенте Хенил, а Ф8 во Купот на Кралот ќе се игра од 6 до 8 јуни.