Ново засилување во Охрид – Гркот Лиапис две сезони „гладијатор“!

Еден од најдобрите грчки репрезентативци, кружниот напаѓач Николас Лиапис, во следните две сезони ќе настапува во македонскиот шампионат.

Раководството на амбициозниот Охрид денеска ги заврши сите формалности околу договорот со грчкиот дефанзивец и тој официјално стана „гладијатор“.

Лиапис, кој има 25 години на почетоците на кариерата играше за Фоивос, пред да одигра три сезони во Олимпијакос, полусезона настапуваше во Диомидис Аргус, пред да се пресели во ПАОК.

Потоа го имаше единственото меѓународно искуство, во шпанскиот Адемар Леон, каде на 37 меча даде 81 погодок.

Се врати во татковината и две сезони го носеше дресот на АЕК Атина, а лани летоска дојде во Олимпијакос, со кој настапи на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Претходно со Охрид, странските медиуми ги поврзуваа Тилен Стрмљан и Предраг Вејин, како и тренерот Борис Ројевиќ.