Двократниот европски првак Магдебург се најде во голем проблем пред осминафиналето од Лигата на шампионите. Бундеслигашот ќе мора реваншот против Динамо Букурешт да го одигра во друга сала, а не во својата „Гетек Арена“.
Магдебург ќе игра во Десау, во сала со капацитет од 2.700 седишта, иако во својата ќе имаше на располагање 8.000 седишта.
Раководството на „Гетек Арена“ ја изнајмило салата за друг настан од 31 март до 6 април, па за мечот меѓу Магдебург и Динамо Букурешт нема простор.
Германскиот тим се обидел со ЕХФ да го промени датумот на натпреварот, дури и да ги замени домаќинствата со Динамо Букурешт, но ниту една од варијантите не била прифатена, па Магдебург ќе мора да игра во „Анхалт Арена“ во Десау.
Проблем ќе има со билетите за овој натпревар и со навивачите кои имаат сезонски билети, па допрва Магдебург ќе објави како ќе оди продажбата и дали ќе има воопшто продажба на билети за овој натпревар.