понеделник, февруари 23, 2026

Младите се иднината и силата на ракометот (Видео)

Ракометниот караван повторно донесе многу енергија, насмевки и вистинска спортска магија – овојпат во Богданци. Во салата „Млаз“, со рекорден број деца, уште еднаш се покажа колку ракометот има силна иднина кога најмладите се во центарот на вниманието.

Преку игра, дружење и заеднички моменти со познати ракометни имиња, децата уживаа во секој момент, а атмосферата беше токму онаква каква што треба да биде – искрена, мотивирачка и полна со спортски дух.

Голема благодарност до Grand Auto и Chery, кои како партнери на македонскиот ракомет дадоа поддршка и беа дел од уште еден успешен Ракометен караван.

Во видеото погледнете дел од прекрасната атмосфера од караванот во Богданци – детската радост, ракометните активности и поддршката од нашите партнери. Ракометната приказна продолжува! ❤️🤾‍♂️🤾‍♀️

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)