Младите битолчани повторно го преслушаа Прилеп

Во реприза на финалето на турнирот „Миле Нешкоски“ од пред две седмици, во Прилеп на отварањето на новата сезона повторно играа Прилеп и Еурофарм Пелистер 2. И пак подобри беа гостите од Битола, кои сега победија со 32-29 (16-15).

Битолчани најавија дека се подготвуваат да бидат дел од Топ-6, а Прилеп ќе мора да бара нова шанс апротив некој друг доколку сака да игра плеј оф. Еурофарм Пелистер двапати ги победи. И покрај засилувањата Прилеп се уште нема тим што може да биде во игра за плејоф, иако е почеток на сезоната.

Имаше Еурофарм Пелистер 2 предност до 21-18 во 38 минута, со изгледи да го скрши отпорот на домашните. Наместо да продолжат гостите се опуштија, па следуваа две исклучувања, едно на Баптиста (трето по ред, па заработи и црвен картон), а потоа и на голманот Јовановски (се обиде да пресече контра на Прилеп).

И наместо полесна завршница мечот влезе во неизвесност, ко која Прилеп успеа да израмни, 22-22, а потоа и двапати да поведе (23-22, и 24-23). Со грешки и под притисок двата тима се обидуваа да ги искористат своите шанси, па се играше „гол за гол“.

Гостинскиот тренер Александар Зарков во 55 минута го зема својот тајмаут при резултат 28-27 за неговиот тим, и имаше напад. Христијан Митревски со својот 10 гол од 11 обиди во тие моменти му донесе водство на тимот од Битола, 29-27. Сега Наум Танески мораше да бара тајмаут, но акцијата што ја договорија домаќините заврши со стативата на голманот Јовановски.

На спртивната страна у ударот на битолчани заврши во стативата, па на 3,5 минути до крај Прилеп пак имаше шанса да намали. И повторно брзоплетост, и техничка грешка на домашните ракометари кои им дозволија на гостите одново да организираат напад. Грешките се редеа на двете страни, а Јовановски повторно одбрани удар од крило давајќи им нова шанса на соиграчите.

Она што претходно го промашија играчите на Еурофарм Пелистер 2, сега н его пропушти Бојан Гичев и во 59 минута постигна гол за водство 30-27. Пак беше приморан тренерот на Прилеп да бара тајмаут, и да спасува нешто, ако има време за тоа. Но, ништо од тоа. Бодовите отпатуваа за Битола.

Во првото полувреме домашните имаа предност, а гостите сигнуваа. При крајот битолчани направија пресврт и имаа водство со кое отидоа на одмор.