Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за последното коло од главната рунда во Лигата на Европа.
Македонскиот двоец Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат дербито во романскиот главен град Букурешт.
Таму Динамо ќе сретне со лидерот Спортинг Лисабон, но овој натпревар нема да има резултатско значење.
Португалскиот тим доби директно место во четвртфиналето, додека Динамо Букурешт и Фуксе Берлин ќе одат во елиминациите.
Натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон се игра утре со почеток во 18:45 часот.