🎥Митев: Треба сите да сме сплотени и да се бориме до последната секунда

 

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го одработи вториот од трите планирани тренинзи пред првиот натпревар на Европското првенство во Германија. Прв ривал за избраниците на Кире Лазаров ќе биде актуелниот олимписки шампион, репрезентацијата на Франција. Еден од помладите во Македонија, средниот бек Марко Митев, ги истакна своите очекувања за дуелот со „триколорите“. Целосната изјава на Митев погледнете ја во видео прилогот...