Македонскиот лев бек Мартин Манасков во продолжение од сезоната за првпат ќе се проба како интернационалец.
Тој иако беше пред трансфер во словенечката Ајдовшчина, сепак двете страни не се договорија, па Манасков реши да ја прифати понудата од австрискиот тим Алпла Хард.
Се работи за тим со голема традиција во Австрија, што дури седум пати беше шампион на оваа држава, но последен пат во 2021 година.
Сега е лидер на табелата со 19 бодови, но австриското првенство ќе биде интересно до самиот крај бидејќи тука се Кремс, Ферлах, Вослауер…а границата меѓу Алпла која има 19 бода и деветтиот тим кој е во зоната на испаѓање е само четири бода.
Манасков потекнува од Велес, беше дел од Металург Јуниор, па Вардар Јуниор, играше за Охрид, Пролет и Бутел Скопје, пред во 2023 година да се пресели во Тиквеш, каде мина две и пол сезони.







