Македонија имаше свој претставник на финалниот натпревар на Медитеранското првенство за пионерки во Приштина.
Марјан Начевски беше делегат на битката за златниот медал меѓу селекциите на Хрватска и Шпанија.
Хрватките го освоија златото на Медитеранското првенство откако славеа против „фуријата“ со 32-24.
Maкедонската пионерска репрезентација го заврши настапот на 10 место откако загуби од Косово со 16-14.






















