Денеска со четири натпревари ќе стартува 29. издание на Светските првенства што ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонската Супер лига ќе биде претставена со 24 ракометари во пет репрезентации од трите клуба кои на врвот на табелата, што е уште еден доказ за квалитетот на нашето првенство
Логично, најмногу има во македонската репрезентација – дури 19, двајца се дел од Тунис, а по еден во Холандија, Куба и Словенија.
„Сино-белите“ од Автокоманда ќе имаат 11 претставници само во Македонија, Еурофарм Пелистер има осум ракометари на СП (шест во Македонија, еден во Тунис и еден во Словенија), додека Вардар ќе биде претставен на Мундијалот од петмина ракометари. Меѓу нив двајца во Македонија, како и по еден во Тунис, Холандија и Куба.
Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а настапот го стартува утре од 20:30 часот со пресметката против Унгарија.