Македонија со негатива на паузата против Германија

|
18:38
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија губи на паузата од Германија со 19-14 во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026. Со пораз Македонија и натаму останува во игра за место на континентален собир, но ќе се брои гол-разликата во последното коло.

Гостинките отворија со водство од 2-0, па 4-2, пред голманката Веис да одбрани и пенал на Ризоска. Сепак во продолжение од мечот два напади со голови заврши Стефаноска за 4-4 по десетина минути игра.

Но потоа се намножија техничките грешки во нападот и Германија успеа да ги казни сите да отиде на плус пет, 12-7. Селекторот Грчевски ги промени ракометарките на бековските позиции, но немаше преголем ефект.

По дваесетина минути игра беше 15-9, па Грчевски мораше да побара тајм-аут. Седлоска намали со проектил на 15-10. Немаше идеја во нападот, тоа беше причина за изнудени удари, а грешките беа казнети со лесни голови во контра и веќе беше 18-10.

Црната серија ја прекина Кипријановска со гол од пенал за 18-11, а потоа Џатевска вторпат беше исклучена па и Германија лесно погоди. Беше 19-12, пред Кипријановска да намали со одличен пробив да погоди, а Ангела Јанкуловска да стави точка на првиот дел со гол од далечина за 19-14.

Македонија е во игра за пласман на ЕП 2026, а повеќе детали за тоа како може да стигне до ново учество на континентален собир прочитајте ТУКА.

Share on Facebook

Марјан Начевски со задача во Лигата на Европа

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
15:33
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од осминафиналето на Лигата на Европа.

Покрај судиите Божиновски и Начевски, кои ќе го судат реваншот меѓу германскиот Мелсунген и данската Фредериција, активен ќе биде и Марјан Начевски.

Тој ќе биде делегат на реваншот од осминафиналето меѓу норвешкиот Елверум и францускиот Монпелје. Првиот меч го доби Монпелје со 36-24, а победникот од овој двомеч оди на четвртфинален двобој со Вардар.

Натпреварот на кој Начевски ќе биде делегат е закажан за утревечер, 7 април во „Тернинген Арена“ во Елверум со почеток од 18:45 часот.

Share on Facebook

Полскиот селектор заврши во болница!

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
23:25
Share on Facebook

Женската репрезентација на Полска се собра повторно по речиси едномесечна пауза, но подготовките за важните натпревари во ЕХФ Евро Купот започнаа со неочекувани проблеми.

Селекторот Арне Сенстад нема да биде со националниот тим на еден од домаќините на ЕП 2026 во почетната фаза од подготовките поради здравствени причини.

Норвешкиот стратег, непосредно пред планираното доаѓање во Полска, бил хоспитализиран. По неколкудневен престој е пуштен на домашно лекување и моментално се опоравува. Неговата состојба не е сериозна, но бара дополнителни консултации, поради што ќе го пропушти натпреварот против Словачка.

Сенстад сепак останува во постојан контакт со стручниот штаб на Полска и има надеж дека ќе се врати на клупата за дуелот против Романија, кој ќе се игра во Радом на 12 април.

Полска утре игра против Словачка, a мора да слави на овој меч, за в недела против Романките (кои во меѓувреме треба да загубат од Норвешка), да решаваат за второто место во групата и пласманот во полуфиналето каде веќе е Норвешка.

Share on Facebook

ЦСКА Москва го освои трофејот во рускиот Куп – триумф над Ростов на Дибирова

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
22:59
Share on Facebook

Тимот на ЦСКА Москва го освои трофејот во Купот на Русија, откако во финалето на Ф4 турнирот славеше над големиот ривал Ростов Дон, кој е предводен од легендарната Ирина Дибирова, која седеше и на клупата на Вардар.

На домашен терен во Москва, каде што се играше завршниот турнир, ЦСКА Москва победи со 30-25, откако и на паузата имаше плус два, 15-13.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Семина и Санталова со по шест гола, а голманката Каплина имаше 12 одбрани. Кај Ростов Дон се истакна Стаценко со шест погодоци.

До овој натпревар, Ростов Дон имаше серија од 28 победи по ред оваа сезона и беше без загубен меч, но кога најмногу требаше тогаш некогашниот учесник во ЛШ не одигра на своето ниво. Шансата за одмазда ќе ја бара во првенството.

Share on Facebook

Моралес пред гостувањето во Битола: Имаме шанси за победа

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
14:47
Share on Facebook

По пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид им се враќаат на домашните обврски.

Охриѓани ги очекува тешко гостување кај шампионот Еурофарм Пелистер во дербито од 4 коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Дефанзивецот Ориол Реј Моралес го најави мечот во Битола.

„Нè очекува тежок натпревар во еден од одлучувачките моменти од сезоната. Станува збор за дуел меѓу два квалитетни тима. Со добра подготовка и менталитет, имаме шанса да стигнеме до победа“, вели Моралес.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:00 часот.

Share on Facebook

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Грчевски избра 16 ракометарки за Германија

Авор: Душко Андов
| 8 април 2026
15:11
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со светскиот вицепрвак Германија во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Селекторот Кристијан Грчевски ги избра ракометарките за оваа пресметка, а од тие што беа повикани за оваа акција, од комбинација отпаднаа Теодора Дукоска, Леона Миленкоска, Таида Беровиќ и Матеа Чурлиновска.

Дамите се во трка по место на ЕП 2026, најверојатно преку третото место ако не направат изненадување против Германија или Словенија. Повеќе детали за шансите на Македонија прочитајте ТУКА.

Гостинките додјдоа со втор состав во кои ќе има пет дебитантки, но и неколку искусни ракометарки. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ денеска од 18:00 часот, а влезот е слободен.

Германија е прва со осум бода и веќе пласирана на ЕП, Словенија има четири, додека Македонија и Белгија по два. Ако Словенките слават на гости кај Белгија, тогаш ќе го потврдат второто место на табелата во случај и Германија да победи во Скопје.

Share on Facebook