Македонскиот чувар на мрежата Мартин Јовановски, кој од ова лето ги брани боите на кипарскиот првак Анортозис Фамагуста, викендов доби две индивидуални признанија.
Тој беше прогласен за МВП и за најдобар голман на турнирот „Андреас Папастаматис“ во организација на АЕК Атина што се одржа со учество на четири екипи.
На првиот меч Анортозис славеше против грчкиот Јоникос со 30-28, а на овој дуел Јовановски имаше девет одбрани.
На втората средба кој кипарскиот тим ја доби убедливо со Дукас, 29-22, македонскиот голман забележа 13 одбрани.
Во финалниот натпревар против АЕК Атина, кој го доби грчкиот првак со 28-23, Јовановски блесна меѓу стативите и одбрани 14 удари, но и покрај тоа АЕК победи.
Сепак одличните партии на Македонецот не останаа незабележани, па организаторот го прогласи Јовановски за најдобар голман и за МВП на турнирот.