Македонската репрезентативка Леонида Гичевска беше најдобар стрелец во тимот на Стинта Букурешт на мечот со Баја Маре.
Силниот тим на Баја Маре славеше на гости во романската престолнина со 36-19, а единствена светла точка кај Стинта беше Гичевска.
Таа погоди шест пати на овој меч и го имаше најдобриот индекс на корисност во домашниот тим.
Следен голем предизвик за Стинта Букурешт и Гичевска ќе биде градскиот двобој со шампионот ЧСМ Букурешт.