Македонија Ѓорче Петров не успеа да запише позитивен резултат на стартот на прволигашката конкуренција.
„Лавовите“ на домашен терен беа поразени од „витамините“ од Автокоманда со 34-30, иако одлично парираа до 55 минута.
Имаа предност домашните од два гола, потоа се вратија од негатива од три погодоци, а во последните пет минути се влезе со водство на гостите, 31-30.
Следуваше исклучување за Македонија Ѓорче Петров, гостите ги казнија двете грешки и на крајот запишаа победа.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Џигероски и Ѓурмешевиќ со по осум погодоци, додека седум даде Поповски.
Во домашниот состав на Македонија Ѓорче Петров, осум пати реализираше Бобан Петров, а седум гола постигна Бојан Чакалиќ.