Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски продолжува со одличните партии во шампионатот на Чешка.
Кукуловски со тимот на Брно во натпревар од 15. коло во тамошниот шампионат славеа на свој терен против незгодниот Ловосице со 25:23.
Левиот бек беше најефикасен на теренот, постигна седум погодоци и подели неколку асистенции кон своите колеги.
Во претходното коло, против Хранице, Кукуловски зад своето име запиша девет погодоци.
Брно со освоената победа остана во игра за првата позиција на табелата, сега има 20 бода на свое конто, додека Плзен на Никола Костески има три бода повеќе.
Актуелен лидер во Чешка е екипата на Карвина, која во досегашниот тек од сезоната оствари 12 победи на 14 одиграни натпревари и има 25 бода.