Кастратовиќ: Доколку игравме вака од почеток, резултатите ќе беа многу подобри

Прилепчани во последното коло од регуларниот дел од сезоната одиграа одлично против Еурофарм Пелистер, но на крај загубија со 38:33.

Избраниците на Божидар Мојсов се вратија во игра во вториот дел, во неколку наврати изедначија и покажаа дека можат да се носат со поквалитетни екипи.

Еурофарм Пелистер во последните седум минути го сркши отпорот на домаќините и од Прилеп си замина со три бода,

Еден од најдобрите стрелци во составот на Прилеп, средниот бек Владан Кастратовиќ, даде своја анализа за денешната игра против пелистерци.

,,Можам да кажам дека ова беше еден од нашите најдобро одиграни натпревари. Верувам дека ако игравме вака од почеток, пласманот на табелата ќе беше многу подобар. Дадовме силен отпор, одигравме многу добро, секој играч беше на ниво, го дадовме максимумот, сите погодуваа и мислам дека одигравме квалитетна игра во два правци. Задоволен сум од играта, се се одвиваше според планот, до 52. минута беше рамноправно. Се играше гол по гол, париравме, но можам да кажам дека искуството преовладуваше на страната на гостинот. Се надевам дека и во иднина ќе играме вака, а доколку тоа го оствариме, резултатите сигурно ќе бидат многу подобри”, изјави Кастратовиќ.

Прилеп настапот во Супер лигата ќе го продолжи во плеј-аут фазата и во борбата за опстанок ќе пренесе два бода.

Прилеп храбро парираше, но пелистерци ги однесоа бодовите

 

Аплаузите за прилепчани, бодовите за битолчани за победнички крај на годината (ФОТОГАЛЕРИЈА)