Kога Митревски ќе го магепса голот на Порто (ВИДЕО)
Репрезентативецот на Македонија, Никола Митревски сезонава игра во одлична форма, а тоа го почувствува и составот на Спортинг. Ракометарите на овој тим не можеа да го совладаат Митревски на дуелот на кој тимот на Порто обезбеди победа од 33:27. Спортинг кој беше домаќин наиде на расположениот Митревски кој со 14 одбрани доминираше на теренот и беше клучот во победата на тимот на Порто и новите бодови. Во видеото може да се видат сите одбрани на Митревски, кој имаше одлично издание и да се ужива во тоа како го имаше магепсано голот и како ги излуде ракометарите на противникот.