Швеѓанецот Емил Мелегард, кој моментално настапува во данскиот прволигаш Елит ХОЈ, во иднина би можел да го носи дресот на ПСЖ.
Според шпекулациите во Данска, искусниот ракометар во следниот период ќе биде претставен во дресот на „светците“.
Мелегард пред стартот на оваа сезона направи трансфер од Вецлар во Елит ХОЈ, а дресот на бундеслигашот го носеше четири сезони.
Левото крило кариерата ја започна во својата татковина, таму беше дел од Редбергслидс, а одличните партии беа причина да започне интернационална кариера.
На репрезентативно ниво неколку пати настапи за сениорската репрезентација и беше дел од составот кој освои злато на ЕП 2022.