Херојот Костески: Не можеше подобро да заврши!

Македонија ја победи Романија со 24-23 со голот на Ненад Костески во последната секунда од натпреварот.

Со тоа го освоивме третото место во група, кое ни носи пласман во ТОП 16, еден бараж за СП 2027 и место како носител пред ждрепката.

Херојот Костески вели дека не можеше подобро да заврши овој дуел.

„Мечот не можеше подобро да заврши, затоа што видовме како се одвиваше мечот. Иамвме добра залиха што не успеавмме да ја одржиме. На крајот на денот, може да бидеме задоволни и среќни, тоа ни беше целта пред ова ЕП. Имавме кризен период со Романците, го пребродивме, останавме на нозе, се боревме до крајот и сметам дека треба да бидеме задоволни“, изјави Костески.