РК ПРОЛЕТ 62
Ракометниот клуб Пролет е формиран во истоимената скопска населба, која е изградена по Втората светска војна. Населбата Пролет веднаш се промовирала како расадник на спортски таленти.
Желбата да се биде дел од републичката лига е исполнета во сезоната 1964/65, во која Пролет го освојува првото место со гол-разлика 94-56, на огромна радост на навивачите во оваа скопска населба. Младоста и неискуството е причина овој клуб да испадне од републичката лига и да се пресели во Источната зона, каде во сезоната 1967/68 Пролет го освојува првото место и повторно се враќа во републичкото натпреварување.
Во сезоната 1969/70 тимот на Пролет го освојува одличното трето место во Првата републичка лига, зад Пелагонија од Битола и Партизан од Гевгелија.