РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ЕВРОПСКА ЛИГА

СЕХА ЛИГА

СУПЕРЛИГА

ПозЕкипаGDНПРЛБ
1-411452717
2-791430119
3-1071420126

РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК/РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Формиран е на 9 март 2011 година во Битола и неколку сезони се натпреваруваше во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на ракометната федерација на Македонија.

Од сезоната 2016/17 оваа екипа за првпат почна да се натпреварува во Супер лигата. Сезоната 2019/2020 Еурофарм Работник беше претставник на Македонија во Лигата на шампиони и СЕХА регионалното натпреварување. Во двете лиги битолскиот претставник настапи како дебитант.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Сезоната 2021/2022 Еурофарм Пелистер се искачи на највисокото скалило во македонската лига и ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.

Тренерското место го предводи Александар Јовиќ и тим менаџерот Звонко Шундовски.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ ЗА ЕКИПАТА

Еурофарм Пелистер му се придружи на Вардар на Ф4 во Купот

Екипата на Еурофарм Пелистер без многу проблеми обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако убедливо триумфираше против Радовиш со 50:25 во...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Шампионот со Цехте и Ѓорговски, кај Вардар се враќа Крсманчиќ

Вечните ривали, Еурофарм Пелистер и Вардар, денеска ќе се сретнат во рамките од 5. коло од суперлигашкиот плеј-оф. Двете екипи во досегашниот тек од плеј-оф...

Пелистерци ги освоија бодовите кај Бутел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го задржаа максималниот ефект во плеј-офот од Супер лигата, откако на гостувањето кај Бутел триумфираа со 34:22 во натпревар од...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои ракометари ќе настапат на дербито во Битола

Во третото коло од плеј-оф фазата од Супер лигата ќе се одигра дерби дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и тимот предводен од Кире Лазаров. Шампионот пред...