РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ЕВРОПСКА ЛИГА

СЕХА ЛИГА

СУПЕРЛИГА

ПозЕкипаGDНПРЛБ
1-411452717
2-791430119
3-1071420126

РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК/РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Формиран е на 9 март 2011 година во Битола и неколку сезони се натпреваруваше во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на ракометната федерација на Македонија.

Од сезоната 2016/17 оваа екипа за првпат почна да се натпреварува во Супер лигата. Сезоната 2019/2020 Еурофарм Работник беше претставник на Македонија во Лигата на шампиони и СЕХА регионалното натпреварување. Во двете лиги битолскиот претставник настапи како дебитант.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Сезоната 2021/2022 Еурофарм Пелистер се искачи на највисокото скалило во македонската лига и ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.

Тренерското место го предводи Александар Јовиќ и тим менаџерот Звонко Шундовски.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ ЗА ЕКИПАТА

Еурофарм Пелистер добива бразилски шмек: Хекбарт ново засилување

Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекбарт е нов член на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер. Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство...

Тајник: Ме бараше Слован, но останувам во Битола и следната сезона

Словенечкиот репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник, во разговор за словенечкиот портал Екипа 24 зборуваше за квалификацискиот натпревар со Македонија во Скопје,...

Шампионот беше сигурен против Бутел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во натпревар од 21. коло од суперлигашката конкуренција, славеа на свој терен против Бутел Скопје со 34:25. Свое деби во...

Алонсо: Горд сум на играчите, дадоа сѐ од себе!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз го завршија настапот на европска сцена сезонава, откако во последното коло од групната фаза беа поразени од ПСЖ...

Еурофарм Пелистер со негатива од пет гола на полувреме против ПСЖ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер губат на полувреме од ПСЖ со 18:13 во натпревар од последното коло од групната фаза од ЛШ. Натпреварот започна со гол...