Ѓорѓески: Ние сме фаворити против Струга, но мора да го покажеме тоа на терен

Ракометарите на Охрид по ремито во дербито на гости во Автокоманда, ги очекува нов предизвик во суперлигашкото друштво.

В сабота на програмата е езерскиот двобој против Струга, а голманот Даниел Ѓорѓески ги сподели очекувањата.

„Во сабота не очекува натпревар против екипата на Струга на домашен терен, една млада борбена екипа која сака да се докажува, ние сме фаворити на овој натпревар и ќе влеземе максимално спремни и фокусирани да го докажеме тоа и на терен. Ги повикувам охриѓани и навивачката група Рибари да дојдат во сабота да не поддржат и на крајот заедно да славиме победа“, изјави Ѓорѓески.

Наптреварот меѓу Охрид и Струга се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.