Гонзалез: Среќен сум што ќе ја водам Србија

|
21:30

Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалес, пред неколку дена беше назначен за нов селектор на Србија.

Искусниот стратег, кој на клупско ниво го предводи богатиот ПСЖ, на клупата на „орлите“ ќе биде најмалку до 2028 година.

Шпанецот во изјава за српскиот портал ,,Спортски Журнал” истакна дека е среќен што ќе може да работи со репрезентација како српската.

,,Среќен сум што ја презедов репрезентацијата на Србија, исто така многу сум горд што ќе имам можност да водам таков тим како што се „орлите“. За се друго ќе зборуваме во иднина, ќе имаме време за се, а во моментов сакам да се фокусирам на претстојните натпревари што ги имам со ПСЖ”, изјави Гонзалез.

Екс тренерот на „црвено-црните“ клупата на српската репрезентација ќе ја предводи од 1 јули, 2025 година.

Вардар на време се разбуди и победи во Струга

Автор: Редакција
| 16 ноември 2024
14:56

Наместо лесни бодови како што планираа, ракометарите на Вардар мораа да се намачат за да ја победат Струга на гостувањето покрај езерото. На крајот резултатот беше 34-25 (16-15) за „црвено-црните“, но имаше и периоди кога и Струга имаше водство.

Искуството на гостите и подолгата клупа, па и добрите одбрани на Марко Богдановски во некои клучни моменти им дадоа крилја на ракометарите на Вардар да направат добра предност.

Уште на полувреме новиот тренер Гиљермо Милано имаше што да имкаже на играчите. Со гол во последните секунди Ашраф го спаси Вардар од срам, и „црвено-црните“ водеа со 16-15. Иако во текот на првото полувреме Вардар постојано имаше водство од 3-4 гола, сепак од водство 13-9 му дозволи на домаќинот да дојде на 14-14.

Само што почна второто полувреме, Струга се закани и поведе. Но, при резултат 17-16 за Струга, голманот Марко Богдановски го обрани пеналот на Мијушковиќ. Потоа имаше уште една добра интервенција, и во полуконтра Вардар веќе имаше предност од 18-17, а потоа и 20-18. Домашниот тренер Наум Танески побара тајмаут, со надеж дека ќе може повторно да го врати тимот во игра резултатски. Но, наместо враќање на Струга, гостите ја зголемија предноста на 22-19, која во 45 минута беше 24-19.

Потоа рутински до крај не само што победија туку направија и дури и превисока преност, во однос на тоа како беше сликата на теренот во сите 60 минути.

Во екипата на Вардар ги немаше голманот Еспиња, крилото Срдановиќ, бекот Борозан, пивотменот Лазаревски и капитенот Георгиевски. По подолга пауза во составот се врати Димитро Горига, а конечно дебитираше и Мигел Пинто кој се опорави од операцијата на менискусот.

Хансер Родригез со 6 гола беше најефикасен кај Вардар, а пет гола постигна Томислав Јагуриновски. Во домашниот тим Ненад Костоски даде 9 гола, од што пет о дпенал, а Богдан Мијушковиќ беше петпати прецизен.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190218
4ОХРИД1180316
5БУТЕЛ1160512
6ТИКВЕШ 20141151511
7ПРОЛЕТ1142510
8ПРИЛЕП114169
9КУМАНОВО113086
10СТРУГА112094
11БИСИНОВ Ф. Л.111193
12РАДОВИШ1101101

Пешиќ ги повика навивачите: Тие се нашиот осми играч, заедно да стигнеме до целта

Автор: Душко Андов
| 15 ноември 2024
10:59

За амбициозниот тим на Охрид по елиминацијата од Европа, приоритет остануваат домашното првенство и Купот на Македонија. Следен предизвик за „гладијаторите“ ќе биде уште еден дерби натпревар, овојпат на домашен терен.

По поразите на гости во Скопје и Битола од Вардар и Еурофарм Пелистер, избраниците на Стевче Алушовски ќе се соочат со „сино-белите“ од Автокоманда предводени од Кирил Лазаров.

Тимот од Автокоманда досега запиша само победи на десет натпревари, но сега оди на жежок терен, каде во минатата сезона се „лизна“. Кружниот напаѓач Живан Пешиќ очекува тежок натпревар.

„Очекувам еден тежок натпревар. Гостите имаат перспективна и млада екипа, играат од натпревар во натпревар, од година во година се подобро, и оваа сезона се меѓу фаворитите за титулата во Македонија. Ние играме на домашен терен, ќе дадеме се од себе да победиме. Атмосферата во клубот е одлична, тренираме многу, сите момци се здрави, па едвај го чекаме натпреварот во сабота“, вели Пешиќ.

Српскиот интернационалец смета дека пресудна ќе биде одбраната.

„Пресудна ќе биде одбраната и одбраните на голманите. Тие имаат многу добри бекови, но ако бидеме вистински во одбраната, ако одиграме како што знаеме и нашите голмани одбранат повеќе топки, мислам дека тоа ќе биде клучно. Треба и да имаме што помалку технички грешки во нападот“, продолжи Пешиќ.

Тој ги покани сите навивачи и посакува полна сала в сабота. Навивачката група „Рибари“ ќе прослави убав јубилеј на овој меч – 35 години постоење.

„Нашите навивачи се нашиот осми играч. Очекувам голема поддршка на овој натпревар во салата и се надевам дека ќе ни помогнат да стигнеме до целта“, заврши Пешиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокомaнда се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190218
4ОХРИД1180316
5БУТЕЛ1160512
6ТИКВЕШ 20141151511
7ПРОЛЕТ1142510
8ПРИЛЕП114169
9КУМАНОВО113086
10СТРУГА112094
11БИСИНОВ Ф. Л.111193
12РАДОВИШ1101101

📷 Раул Алонсо се „фати“ за работа со пелистерци

Автор: Душко Андов
| 17 ноември 2024
15:22

Новиот тренер на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, го одржа првиот тренинг со ракометарите.

Шпанскиот стратег во четвртокот пристигна во Македонија, во петокот го следеше мечот против Прилеп од Супер лигата, а од денеска се фати за работа.

Тој на клупата на битолчани го наследи Бранко Ангеловски, а ќе дебитира веќе в среда во Лигата на шампионите.

Алонсо ќе го води македонскиот првак во битката со данската Фредериција, што е закажана за 20 ноември во „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.

🔴ВО ЖИВО🔴 Бисинов – Тиквеш, Oвче Поле – Јехона, Младост Богданци – Шампион

Автор: Душко Андов
| 16 ноември 2024
16:44

Шундовски: Сите играчи беа максимално ангажирани, им честитам на тоа!

Автор: Редакција
| 15 ноември 2024
20:10

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен без проблеми триумфираше над Прилеп со 46:24 во натпревар од 11. коло во Супер лигата,

За пелистерци ова беше 9-ти сезонски триумф во домашниот шампионат и загревање за важниот натпревар против Фредериција во Лигата на шампионите.

Повремениот тренер на Еурофарм Пелистер, Звонко Шундовски, вели дека сите играчи на денешниот натпревар го дале максимумот.

,,Најважно е дека ракометарите сериозно ја сфатија работата, генерално ова ни е последна подготовка пред натпреварот со Фредериција, новиот тренер е тука, мислам дека целиот расположлив ростер го виде денес, виде како и со што располагаат играчите, пред доаѓањето тој има направено анализа за каква екипа се работи, задоволен е од екипата и нормално, им честитам на играчите за максималното ангажирање на овој натпревар”, изјави Шундовски.

Капитенот на Прилеп, Христи Бикоски, вели дека е задоволство да се игра против битолскиот тим.

,,Чест и големо задоволство е да се игра против една ваква екипа која игра во ЛШ. Се подготвуваме, трениравме, ја искористивме оваа ЕХФ пауза, овој натпревар за нас беше тест, бидејќи во следното коло не очекува тежок натпревар со Пролет на гостински терен и се надеваме на позитивен резултат во Скопје”, изјави Бикоски.

Пелистерци со лесна победа над Прилеп се загреаја за Фредериција