Кадетките на тимот на Металург остварија голем успех на големиот меѓународен турнир „Еурофест“ што се одржува во словенечкиот град Копер.
Избраничките на Мери Арсениевска се пласираа во полуфиналето на турнирот во својата категорија, а ривалот дополнително ќе биде познат.
Металург е на второто место во групата А и загуби само од лидерот Егенбург од Австрија, со минимални 11-10.
Во останатите натпревари македонскиот тим оствари пет победи. Најпрво беше совладан францускиот Сарбурж со 17-15, потоа и унгарскиот Моѓороди со 9-7, а вчера славеа и против францускиот Лион со 14-12.
Круна на настапите беа денешните две победи – над Нион од Швајцарија со 18-10, како и над францускиот Безансон со 13-6.