Глигоров и Кастриоти на врвот по есенскиот дел во Косово

Тимот на Кастриоти, каде што тренер е македонскиот стратег Владимир Глигоров, го заврши есенскиот дел од сезоната на првото место во Косово.

Кастриоти на последниот меч од есенскиот дел славеше на домашен терен над Вуштрија со убедливи 53-28.

Ракометарите на Глигоров запишаа 12 победи и два порази во 14 одиграни меча, а тоа е доволно за 24 бодови.

Но исто толку бодови имаат и Раховеци и Беса Фамгас, па три екипи се на делба на првото место што значи возбудлив пролетен дел од шампионатот во Косово.