Германскиот првак Фуксе Берлин активно бара нов чувар на мрежата, откако стана јасно дека од клубот заминува Дејан Милосављев.
Највисоко на листата на можни засилувања котира актуелниот голман на Монпелје, Шарл Болжинзе, кој има активен договор до 2027 година.
Француските медиуми пишуваат дека Болжинзе нема да ја продолжи соработката со Монпелје и се сели во Бундес лигата.
Покрај Фуксе Берлин, за неговите услуги е заинтересиран Фленсбург, кој ќе остане веројатно без Бенјамин Буриќ.


























