📷 „Европа чао“ – сега сите карти на домашното првенство

Чаир – Ајдовшчина КУП ЕХФ

Чаир остана без „Европа“ – и по вторпат беше совладан од словенечка Ајдовшчина, овојпат пред својата публика во Скопје (27-33). Иако најавуваа изненадување и во тимот дебитираше туниското засилување Тахани Амар со девет погодоци, чаирчанки не успеаја да ја следат нејзината енергија. Недостатокот на искуство и отсуството на повредената голманка Магдалена Којовиќ се почувствуваа токму во клучните моменти, кога противникот направи серија и стекна недостижна предност. Со овој пораз, тимот од Скопје ја заврши својата европска приказна за оваа сезона и сега целосно ќе го насочи својот фокус кон домашната сцена. Таму Чаир ќе се обиде да ја искористи новата енергија и засилувањата за подобри резултати и борба за висок пласман.