Еурофарм Пелистер или Вардар? Еве што им треба за титула!

Со дуелот во Автокоманда, започна вториот дел од македонскиот плеј-оф. Возбудувањата на почетокот на мај, можеа директно да влијаат на крајот на првенството. Сепак, Вардар и домаќинот ги поделија бодовите, па неизвесноста ќе се задржи до самиот финиш на македонскиот шампионат.

А што значи нерешениот резултат?

Во трка за титулата во Суперлигата беа во конкуренција три екипи, Вардар, Еурофарм Пелистер и составот од Автокоманда. Некогашниот вицепрвак мораше да ги добие дуелите со директните конкуренти на домашен терен во Автокоманда за да остане во трка за титулата, но со овој бод против Вардар го губи чекорот зад водечката двојка. Вардар пак, си обезбеди помирна завршница во последното коло, а на патот кон титулата може да загуби и бод во последното коло…

Разликата меѓу првите две екипи и третопласираната е 4 бода или 2 победи повеќе, па погледите од Автокоманда се насочени кон Охрид, Кавадарци и Скопје и евентуален кикс на фаворитите за враќање на надежите во „сино-белиот“ табор. Што е малку веројатно, затоа погледите на „сино-белите“ ќе бидат свртени кон финалето во Европскиот куп и евентуална борба за втората вицешампионска позиција.

Како изгледа табелата во македонска суперлига сега?

Позиција Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Вардар 1961 6 5 1 0 190 160 +30 13
2 РК Еурофарм Пелистер 6 5 0 1 185 160 +25 13
3 РК Алкалоид 6 3 1 2 183 175 +8 9
4 ГРК Охрид 6 2 0 4 150 161 -11 5
5 ГРК Тиквеш 2014 6 1 0 5 149 176 -27 3
6 РК Бутел Скопје 6 1 0 5 154 179 -25 2

По 6. одиграни кола во македонскиот плеј-оф, Вардар и Еурофарм Пелистер се изедначени на врвот на табелата со 13 бодови, составот на Кирил Лазаров е зад нив со 4 бодови помалку. Од натпреварите меѓу големата тројка остануваат уште гостувањето на Еурофарм Пелистер на жешкиот терен во Автокоманда и мега дербито во Скопје, кое според сите прогнози ќе биде и решавачкиот дуел за титула во Скопје меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, актуелниот вицепрвак против актуелниот првак на Македонија.

Какви се математиките?

Доколку нема изненадувања во името на Охрид, Тиквеш или Бутел, кои во минатото знаеле да земат скалп на екипа со шампионски аспирации, тогаш постојат неколку сценарија за конечниот резултат кога е во прашање старо-новиот шампион на Македонија.

Доколку големата тројка победува според прогнозите на ракометните познавачи, тогаш постојат овие сценарија до крајот на првенството.

Еурофарм Пелистер го победи тимот од Автокоманда во 8. коло.

  • Тогаш во последното коло против Вардар ќе му биде потребна победа за да ја потврди шампионската титула. Вардар би завршил како вицепрвак, а „сино-белите“ на третата позиција.
  • Ако во последното коло против Вардар ремизира, тогаш Вардар е шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ќе биде вицепрвак, а „сино белите“ на трета позиција.

Еурофарм Пелистер загуби во Автокоманда во 8. коло.

Во последното коло би влегол со два бода помалку, што ќе му овозможи шанса на Вардар и со реми да слави титула, а битолчани би ја зазеле вицешампионската позиција.

  • Во последното коло против Вардар ќе му биде потребна победа од повеќе од еден (1) гол за освојување на нов првенствен пехар.
  • Доколку Еурофарм Пелистер победи со еден гол во Скопје, тогаш новиот македонски првак би го добиле според гол-количникот од плеј-оф делот на македонскиот шампионат, ако и тогаш екипите бидат изедначени ќе одлучува која екипа има постигнато повеќе голови во плеј-оф фазата. Во случај и тогаш да се изедначени ќе се одигра мајсторка на неутрален терен за да се потврди новиот првак во македонската Супер лига.
  • Доколку Еурофарм Пелистер загуби во Скопје во последното коло, тогаш Вардар ќе биде нов шампион на Македонија. А за позицијата вицепрвак ќе одлучува количникот од меѓусебните дуели на скопските и битолските „фармацевти“.

Што нè очекува до крај на првенството?

Покрај двете дерби дуели кои ќе решат многу дилеми за новиот првак на Македонија, потребно е да се одиграат уште 4 кола до крајот на шампионатот.

Моментално водечкиот тим во Суперлигата, Вардар го очекуваат дуелот со Бутел во „Јане Сандански“, гостување на жешкиот терен во Охрид и дуелот со Тиквеш во Кавадарци.

Еурофарм Пелистер кој има ист број бодови со Вардар, но и пораз во меѓусебниот дуел го пречекува Охрид во Битола, гостува во Автокоманда, па дома го пречекува Бутел Скопје.