Некогашниот десен бек на Бутел Скопје, Душан Трифковиќ, од лето ќе го носи дресот на германскиот тим Аполда.
Тој во последните три сезони по заминувањето од Бутел Скопје, настапуваше за три шпански екипи.
Од летото, 2021 година, најпрво беше дел од Торелавега, потоа се пресели во редовите на Атлетико Новас, а играше и за Пуерто Сагунто.
Десниот бек во својата интернационална кариера настапуваше и за романските Сучеава и Решица, францускиот Нанси, како и за турскиот Беледије.
Во својата татковина беше дел од екипите на Инџија и Војводина, додека во тимот на Бутел Скопје играше во вториот дел од сезона 2020/21.
Аполда каде што потпиша Трифковиќ, важи за „македонска“ екипа во Германија, таму тренер е некогашниот пелистерец Игор Тоскоски, од лето ќе игра Христијан Милошески, а претходно настапуваа крилата Васил Митевски и Игор Илиевски.