Триото португалски репрезентативци – браќата Мартим и Франциско Кошта, како и Салвадор Салвадор не планираат да заиграат во странство, барем не во блиска иднина.
Најголемите ѕвезди на португалскиот ракомет се обврзаа на нови договори со Спортинг Лисабон до 2030 година!
Toa значи дека сите оние гиганти што ќе посакаат да ангажираат некој од триото, ќе мора да платат дебела оштета.
Претходно Спортинг Лисабон, кој имаше одлични изданија оваа сезона во Лигата на шампионите, го продолжи договорот и со тренерот Рикардо Кошта до 2030 година.