Македонската репрезентативка Ивана Џатевска, која од оваа сезона настапува за Сомбатељ, одигра без грешка против својот поранешен клуб во Унгарија, тимот на Кишварда.
Овие две екипи се сретнаа во рамки од 3. коло во најсилното натпреварување во Унгарија, а бодовите ги освои екипата на Џатевска триумфирајќи со девет гола разлика, 30:21 (14:10).
Кружниот напаѓач од Македонија ја оправда дадената доверба, постигна два погодоци од исто толку обиди во мрежата на гостинките, но одигра одлично и во одбраната, па така беше меѓу најзаслужните за новите два бода.
Сомбатељ со трите старни победи сега си обезбеди шест бода и моментално се наоѓа на 3. позиција, веднаш зад Ѓер и Ференцварош.