Атман, Карачиќ, Моралес…станаа шампиони на Израел со Хапоел Ришон

Тимот на Хапоел Ришон Ле Зион е новиот шампион на Израел, откако во финалната серија беше подобар од Рамат Хашарон.

Хапоел Ришон Ле Зион, каде меѓудругите играат Иван Карачиќ, екс членот на Металург и Вардар – Павел Атман, како и некогашниот вардарец Куни Моралес, со 3-1 во победи беше подобар од ривалот.

На последниот натпревар на домашен терен Хапоел Ришон Ле Зион славеше со убедливи 32-26 и го реши прашањето на шампионот.

Оваа титула е вкупно 19. во клупската историја на Хапоел Ришон Ле Зион, додека Рамат Хашарон, кој беше противник во финалето, беше бранител на тронот од минатата сезона.