Андреј Петковски ја продолжува одличната форма во Полска

Македонскиот интернационалец Андреј Петковски продолжува да брани во одлична форма во силниот полски шампионат.

Тој беше меѓу најдобрите поединци на денешната средба меѓу неговиот тим Азоти Пулави и Стал Миелец, која заврши во корист на гостите, 31-28.

Петковски одбрани 13 удари на противничките ракометари, меѓу кои и еден седмерец, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на овој меч.

Азоти Пулави и Петковски следниот натпревар ќе го играат на гостински терен кај составот на Калиш на 10 декември.